Vrabotuvanje.com - Офицер за продажба - Скопје - ВИНЕР ЛАЈФ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Офицер за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИНЕР ЛАЈФ
  • Адреса: 11-ти Октомври бр.25 кат.8 Центар, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.winnerlife.mk

 

Винер Лајф е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG), осигурителна групација со седиште во Виена, е една од најголемите осигурителни компании во Централна и во Источна Европа, со околу 29 илјади вработени.

Групацијата е присутна во 30 земји со 50-ина осигурителни компании, а традицијата од 200 години успешно работење, како и значителната финансиска моќ што ја поседува, се гаранција за довербата на повеќе од 28 милиони осигуреници.

Освен како прв избор, кога се работи за производи за осигурување, Винер Лајф сака да биде, исто така, и прв избор за вработување и да ги привлече најталентираните вработени.

Винер Лајф се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти.

Сакате да работите во австриска компанија?

Сакате да работите во компанија со европски стандарди во работењето и комуникацијата?

Сакате да работите во компанија која има над 200 годишна традиција?

Сакате да работите во пријатна работна атмосфера?

Сакате динамична работа?

Сакате Вашиот труд да биде ценет, а Вашиот резултат награден?

Сакате да учите од најдобрите?

ОФИЦЕР ЗА ПРОДАЖБА
 

Што нудиме?:
  • Австриско работно време
  • Континуирани обуки и усовршувања
  • Основна загарантирана плата и дополнителна заработка согласно успешноста во работата
  • Годишни бонуси за извонредност
  • Можност за кариерен развој
  • Совршена работна атмосфера и култура на комуникацијата
  • Приватно здравствено осигурување
  • Нелимитирана висина на заработувачка

Што очекуваме?:
  • Комуникативност
  • Анализа на потенцијални клиенти
  • Селекција на контакти
  • Закажување и одржување на продажни состаноци
  • Одржување на релации и грижа за клиентите
  • Да ве исполнува работата со луѓе
  • Ориентираност кон зададените цели и задачи

Идеален кандидат:

  • Да бидете комуникативни
  • Развиени продажни вештини
  • Образование ССС и повеќе
  • Поседување на возачка дозвола Б катеорија (не е задолжително)
  • Основно познавање на MS Office
  • да сакате контакт и комуникација со луѓе
 

Работната позиција е на определено време;

Износот на месечната нето плата зависи од квалификациите и стручноста на кандидатот;

Условите за вработување се засноваат на правичен и еднаков принцип за сите кандидати без полова, расна, верска или каква било друга дискриминација.

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.

Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да ја испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Офицер за продажба“ на следнава e-mail адреса: kariera@winnerlife.mk најдоцна до 2.10.2024 година.

Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју.

 
НАПОМЕНА: 
  • Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид. 
  • Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде