Биотек ДОО Скопје е реномирана компанија основана во 1999 година која оттогаш континуирано расте и се развива и денес е докажан регионален лидер во продажба на високо квалитетна лабораториска опрема и потрошен материјал, пост-продажна поддршка и сервис, како и апликативна и техничка поддршка.
Растејќи и развајќи се, постојано го прошируваме нашиот тим и во моментов имаме потреба од:
Специјалист за Апликација
Потребни квалификации:
- Високо образование – Природно математички факултет (дипломиран хемиски инженер или сродна област), дипломиран инженер технолог
- Претходно работно искуство со аналитички инструменти и апликации во областа на хемијата ќе се смета за предност
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски способности
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа
- Ориентираност кон рокови
- Способност за динамична работа и работа на терен
- Одлично познавање на MS Office
- Одлично познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б-категорија, активен возач
Главни одговорности:
- Апликација на методи за анализа
- Обука на клиенти во однос на користење на опрема и тестови
- IQ/OQ/PQ на инструменти
- Стручна соработка со оддел за сервисирање
- Поддршка за клиентите во однос на користење на опремата и тестовите
- Посета на клиенти, грижа за потребите на истите и одговарање на нивните барања
- Пронаоѓање и отворање на можности за промоција и апликација на нови тестови/опрема
- Остварување на комуникација и кореспонденција со добавувачи
- Стручна соработка со останатите сектори во однос на различни активности во работниот процес
Компанијата нуди:
- Можности за професионален и личен раст и развој
- Дигитализирани работни процеси со современи алатки и технологии
- Енергична и професионална работна средина
- Модерни канцеларии во центарот на градот
- Подароци за родендени и празници
- Можности за обуки и за напредок во кариерата
- Конкурентни месечни примања со надоместоци и бонуси
- Бенефиции за лојални вработени
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација преку полето Брза Апликација.