Затоа што можеме да постигнеме успех само со заеднички напори.
Како европски концерн за градежна технологија, STRABAG гради илјадници објекти ширум светот секоја година, обединувајќи ги вистинските луѓе, градежни материјали и машини на вистинското место. Без тимска работа - што ги надминува географските граници и области - сето ова не би било можно. Станете дел од нашиот тим!
STRABAG е сервисна и услужна компанија за сите оперативни дирекции на STRABAG SE. Основна задача и активност е внатрешна прераспределба и изнајмување, како и одржување, поправка и ремонт на градежните машини и возила на сите компании од концернот.
За нашите потреби, бараме:
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (М/Ж)
Задачи:
- Изведување и надзор на електрични инсталации на градилиште
- Поддршка при проектирање и имплементација на електрични системи
- Координација со подизведувачи и надзор над спроведувањето на техничките работи
- Решавање на технички проблеми и имплементација на решенија на терен
- Подготовка на извештаи и документација во врска со електричните работи
- Анализа и подготовка на тендери и понуди
- Планирање и контрола на трошоците
Квалификации:
- Дипломиран електроинженер
- Работно искуство од најмалку 5 години во струката, со соодветна лиценца за одговорен изведувач на работи
- Познавање на англиски јазик
- Добро познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint) и AutoCAD
Доколку сте заинтересирани, испратете ни ја целата потребна документација за аплицирање за позицијата, вклучувајќи мотивационо писмо, CV, сертификати и доказ за практично искуство - преку онлајн формуларот.