Vrabotuvanje.com - Помлад специјалист за Корпоративна Безбедност за реон Исток - Источна Македонија - ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Помлад специјалист за Корпоративна Безбедност за реон Исток

Источна Македонија

Рок за пријавување:

  • ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
 

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друшто М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје е дел од групацијата Management Financial Group (MFG) која е формирана во 2005 година. Во состав на оваа групација има повеќе од 8.000 вработени и соработници кои се распределени во повеќе од 450 канцеларии на територијата на Европа и тоа во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Шпанија, Македонија и Хрватска.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија има потреба од:

Помлад специјалист за Корпоративна Безбедност за реон Исток

 

Работни задачи и одговорности:

  • Одржување на стабилноста и угледот на организацијата на секое ниво;
  • Заштита на сопственоста на компанијата преку 24 часовна комуникациска достапност при немили настани  и други безбедносни проблеми;
  • Утврдување и пријавување на неправилности преку ревизија на работните формални и неформални процеси на компанијата;
  • Тековни проверки согласно работен план на регионалните канцеларии;
  • Проверки на исправноста на документите во друштвото, како и за усогласеноста со правилата за работа со документи во согласност со внатрешните правила на компанијата и законските норми;
  • Теренска работа и комуникација со надворешни лица, проверки на веродостојност на лични податоци;
  • Подготвување извештаи како и водење  на евиденција за состојбата и работењето на подружниците;
  • Вонредни дополнителни проверки и контроли;
  • Учество во дополнителни работни процеси надвор од делокругот на основната дејност на работната позиција за потребите на компанијата;

Потребни квалификации:

  • Место на живеење во околината на градовите Кочани и Штип, ќе се смета за предност;
  • Задолжително поседување на важечка возачка дозвола Б категорија;
  • Завршено образование во областа, ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство во областа, ќе се смета за предност;
  • Способност за запазување на детали и рокови;
  • Доверба, одговорност и дисциплина во работењето;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа;

Што нудиме:

  • Компетитивна плата;
  • Доделување на опрема за извршување на работните задачи: лаптоп, мобилен телефонски апарат, мобилен телефонски број;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Можност за дополнителна заработка во соработка со партнерските компании на ФД М Кеш Македонија;
  • Редовни внатрешни и надворешни можности за обука;
  • Динамична и одговорна работа во компанија со постојан раст;
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација;
  • Учество во општествено одговорни активности;
  • Ваучер за новороденче
  • Ваучер за склучен брак


Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде