Vrabotuvanje.com - Специјалист за продажба - Скопје - ТЕКНОПАНЕЛ ДОО Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТЕКНОПАНЕЛ ДОО Илинден
                                          

Компанијата Текнопанел е една од најголемите извозници во  Рeпублика Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 4 фабрики во Турција. Република Северна Македонија е првата инвестициска дестинација за Текнопанел вон матичниот пазар, а планирани се да се изградат две фабрики чија главната дејност ќе биде производство на Експандиран полистирен и Сендвич панели.

Двете фабрики се во завршна фаза на изградба во Технолошко Индустриска Развојна Зона – Скопје 1, Бунарџик/Илинден, и истата поради тоа има потреба од следните работни позиции:

 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА ЕКСПАНДИРАН ПОЛИСТИРЕН – СТИРОПОР И СЕНДВИЧ ПАНЕЛИ (2) 

 

Услови:

  • Високо образование – (предност Економски или Технички факултет),
  • Задолжително претходно работно искуство од најмалку 2 години во продажба (предност - продажба на градежни и изолациони материјали)
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
  • Комуникациски и презентациски вештини
  • Разбирање на деловни процеси

Работни задачи:

  • Водење, унапредување и промоција на продажбата;
  • Остварување на деловни состаноци и презентации;
  • Подготовка на понуди за клиентите;
  • Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
  • Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
  • Истражување и анализа на можности за продажба;
  • Следење и постигнување на финансиски резултати и таргети;
  • Маркетинг и промоција на производи преку директна комуникација со клиенти и преку присуство на настани;
  • Подготовка на извештаи.

Компанијата нуди:

  • редовни месечни примањa;
  • можност за брзо напредување во кариерата;
  • регрес за годишен одмор;
  • бесплатен оброк
  • службено возило и службен телефон
  • можност за обука во Р.Турција со обезбедени трошоци.

 

Доколку сте заинтересирани испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде