Компанијата Текнопанел е една од најголемите извозници во Рeпублика Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 4 фабрики во Турција. Република Северна Македонија е првата инвестициска дестинација за Текнопанел вон матичниот пазар, а планирани се да се изградат две фабрики чија главната дејност ќе биде производство на Експандиран полистирен и Сендвич панели.
Двете фабрики се во завршна фаза на изградба во Технолошко Индустриска Развојна Зона – Скопје 1, Бунарџик/Илинден, и истата поради тоа има потреба од следните работни позиции:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА ЕКСПАНДИРАН ПОЛИСТИРЕН – СТИРОПОР И СЕНДВИЧ ПАНЕЛИ (2)
Услови:
- Високо образование – (предност Економски или Технички факултет),
- Задолжително претходно работно искуство од најмалку 2 години во продажба (предност - продажба на градежни и изолациони материјали)
- Добро познавање на англиски јазик
- Познавање на MS Office
- Комуникациски и презентациски вештини
- Разбирање на деловни процеси
Работни задачи:
- Водење, унапредување и промоција на продажбата;
- Остварување на деловни состаноци и презентации;
- Подготовка на понуди за клиентите;
- Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
- Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
- Истражување и анализа на можности за продажба;
- Следење и постигнување на финансиски резултати и таргети;
- Маркетинг и промоција на производи преку директна комуникација со клиенти и преку присуство на настани;
- Подготовка на извештаи.
Компанијата нуди:
- редовни месечни примањa;
- можност за брзо напредување во кариерата;
- регрес за годишен одмор;
- бесплатен оброк
- службено возило и службен телефон
- можност за обука во Р.Турција со обезбедени трошоци.
Доколку сте заинтересирани испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.