Vrabotuvanje.com - Референт за видео надзор - Скопје - ОИЛКО КДА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за видео надзор

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОИЛКО КДА
 

Приклучете му се тимот со повеќе од 200 вработени и 17 годишен континуиран успех во транспортот на нафтени деривати. Поседуваме сопствена автобаза лоцирана во близината на Скопје, со повеќе од 100 возила за транспорт на различни видови деривати од реномирани производители. Бројот на возила во возниот парк, високото ниво на техничка опременост на возилата, исполнувањето на сите законски барања, како и добиените Лиценци за вршење на јавен превоз на опасни материи во внатрешниот и меѓународниот сообраќај, го поставуваат ОИЛКО КДА - Скопје на лидерската позиција во земјата и во поширокиот регион во транспортот на нафтени деривати.

Имаме потреба од вработување на 1(еден) работник за следните работни места:
 

РЕФЕРЕНТ ЗА ВИДЕО НАДЗОР

 во Одделението за транспорт во Секторот за возен парк и транспорт,  на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.

 
 

Основни одговорности и работни задачи:

  • Следење на движењето на возилата преку ГПС системот во реално време;
  • Анализа на податоците од ГПС системот и идентификација на отстапувања од планираните рути;
  • Комуникација со возачите во случај на непредвидени ситуации или отстапувања;
  • Известување на одговорните лица за секој инцидент, застој или неправилност во движењето;
  • Подготвување на дневни, неделни и месечни извештаи за активностите на возилата и нивните рути.

Што добивате:

  • Работното време за наведеното работно место изнесува 36 часа неделно од понеделник до сабота. Дневното работно време е организирано во смени, и тоа од 07:00 часот до 19:00 часот, во седиштето на работодавачот.
  • Право на приватно здравствено осигурување под услови утврдени во интерните акти на компанијата;
  • Организиран превоз до и од работно место;
  • Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Услови за вработување:

  • Завршено средно образование –IV степен;
  • Со или без работно искуство.

Испратете:

  • Писмо за мотивација;
  • Кратка биографија;
  • Копија од диплома за завршено образование;
  • Копија од други стекнати дипломи, сертификати и уверенија.

Потребните документи да се достават на адреса:
„ОИЛКО КДА – Скопје, ул.10 бр.152, 1042 Миладиновци, Илинден.“
Лице за контакт: Божин Мургоски
телефон за контакт: 02/ 25 20 693.

Рокот за пријавување почнува од денот на објавувањето на огласот и трае заклучно со ден 04.10.2024 година.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликацииите кои ќе бидат доставени по електронска пошта, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени во предвид.

Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат ОИЛКО КДА Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.

Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање за истото на следната адреса: contact@oilco.com.mk .

                   
 
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде