Vrabotuvanje.com - Техничар на квалитет - Скопје - ТЕЛАМОН-ЕВРОПА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничар на квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТЕЛАМОН-ЕВРОПА ДООЕЛ

ТЕЛАМОН - една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за автомобилската индустрија од Индијана, САД има потреба од работник за отворена работна позиција во Квалитет.

Во Теламон, фокусот е во деталите на секој проект, индустриските решенија да го отелотворуваат ова верување до самата срж.

Нашиот стил на работа е дефиниран од нашите корпоративни вредности: H2S2 - искреност, хармонија, едноставност и менторство.

За таа цел, за поддршка на нашата фабрика во Скопје (Инџиково), во потрага сме по

Техничар на квалитет

Класификација

Без ограничувања

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Техничарот за Квалитет во областа за инспекција на влезни материјали и контрола на квалитет дава различни видови на поддршка за да обезбеди материјалите (производите) кои се примаат и финалните производи кои се градат во производствените погони на Теламон да се во согласност со сите барања. Техничарот има обврска да го документира целиот процес, да го извести добавувачот кога има неусогласености и да бара корективни акции. Исто така врши инспекција на влезните материјали, обезбедува исполнување на стандардот IATF 16949. Дел од задачите е документирање на целиот процес на корективни акции интерно во Теламон и обезбедување поддршка на одделот за производството и инжинерскиот оддел.

Клучни обврски и задолженија:

  • Врши инспекција на влезните материјали употребувајќи различни мерни инструменти.
  • Докуменгтира и одржува запис за инспекција на влезните материјали.
  • Под надзор на менаџерот за Квалитет, дефинира критериуми за контрола на нови производи.
  • Врши контрола на првиот производ, контрола на процесот, и контрола на готовите производи како што е дефинирано во Контролниот План.
  • Креира и одржува табели со податоци за горенаведените инспекции.
  • Ги следи неусогласените производи од добавувачите; иницира и комуницира корективни и превентивни акции кон добавувачите во дата базата на добавувачи.
  • Учествува во подобрување на перформансите на добавувачите.
  • Учествува во тимовите за подобрување. Употребува Lean Методологии.
  • Дава поддршка на Инжинерскиот оддел со цртежи, алатки и мерења.
  • Дава поддршка за подобрување, подготвува и презентира статус на оперативни перформанси за внатрешна и надворешна употреба за техничарите и инспекторите во контрола на квалитет.
  • Дава поддршка на документирањето на процесот и квалитетот на финалниот производ (корективни акции).
  • Директно е одговорен за областа на инспекција на влезни материјали.
  • Го контролира работењето на техничарите и инспекторите во одделот Квалитет со даден налог на Менаџерот за Квалитет.
  • Дава поддршка во одделот контрола на квалитет со претходно даден налог од Менаџерот за Квалитет.
  • Одговара директно на Менаџерот за Квалитет.

Барани вештини и знаења:

  • Способност да се читаат и разбираат техничките цртежи.
  • Способност за користење, мерење и калибрирање на разни видови на мерни уреди и јасно документирање на резултатите.
  • Самоиницијативен и Тимски играч.
  • Добри комуникациски вештини со способност за работа во мулти-културна средина.
  • Задолжително е многу добро познавање на Англискиот јазик.
  • Спремност да се одговори на задачи кои се надвор од препишаните.

Потребно Образование и Искуство:

Средно техничко училиште или 6 месеци до 1 година соодветно искуство и/или тренинг; или еквивалентна комбинација на образование и искуство.

2-3 години искуство во квалитет во автомобилската индустрија на ниво на директни добавувачи.

Овој опис на работни задачи на никаков начин не имплицира или прикажува дека ова се единствените задачи што вработениот треба да ги извршува на оваа позиција. Вработените се очекува да следат и други работни упатства како и да извршуваат и други работни задачи кои се барани од личности кои се авторизирани да издаваат инструкции или задачи.

Описот на работните задачи не ги вклучува повремените задачи на позицијата кои не се клучни за извршување на основните работни задолженија. Овие обврски и одговорности

се клучни за оваа позиција и се подложни на можни модификации за да соодветно се прлагоди на лицата со хендикеп. За да се изврши оваа позиција успешно, вработениот треба да ги поседува вештините, да има став и способности да ја извршува ефикасно секоја зададена задача. Некои барања може да исклучат лица кои создаваат директна закана или се голем ризик за здравјето и безбедноста на нив или на други лица. Барањата наведени во овој документ се минимумот на ниво на знаење, вештини, или способности.

Теламон нуди:

  • Работа во две смени
  • Организиран превоз за Скопје и Куманово

Вработувањето во "Теламон-Европа" е взаемна врска на доверба и сигурност. Имаме должност да се грижиме кон вработените, а должност на вработениот е да ги изврши законските и разумни наредби на Теламон-Европа.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со целосна доверливост.

Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде