Vrabotuvanje.com - Специјалист за развој на Бизнис - Скопје - ЗЕГИН ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за развој на Бизнис

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЗЕГИН ДОО

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
 
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИС

Посакувани карактеристики:
  • Економски факултет, Е - бизнис претставува предност
  • 1-2 години работно искуство во областа
  • Одлично познавање на англиски јазик 
  • Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија 
Основни задачи и одговорности:
  • Анализа на пазарот за параметри релевантни за стратешки одлуки и позиционирање на компанијата на пазарот
  • Споредување на процесот на интерни и екстерни нарачки за аптеките на компанија
  • Обезбедување на целосна документација за регистрација и увоз на производи
  • Воспоставување и одржување на редовна и професионална комуникација со сегашните и идните надворешни соработници
  • Се грижи за следење на постоечки договори и промени кога за тоа ќе се јави потреба
  • Подготовка на редовни извештаи и анализа на продажба, како и анализи и извештаи во договор со претпоставениот
  • Деловна администрација на секторот (комуникација, организација на состаноци, координација) 
 
Очекувани вештини и способности:
  • Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности 
  • Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
  • Професионален и позитивен однос
  • Флексибилност за работа во динамична атмосфера
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок 
Што нудиме:
  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени – наградно патување
  • Исплата на сите додатоци на плата
  • Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и обуки
  • Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време) 

 

 

 
Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Специјалист за развој на бизнис 
Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде