Vrabotuvanje.com - Доставувач на материјали до производна линија - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Доставувач на материјали до производна линија

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер.
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
  
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Доставувач на материјали до производна линија (Warehouse Material Provider) во Сектор за Логистика.
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Доставувачот на материјали репортира до менаџерот за Логистика и сменскиот раководител во магацин;
  • Одговорен е за складирање на суровините во магацин и испорака на суровините од магацин до производна линија;
  • Пренос на готови производи од производна линија до магацин;
  • Пакување и подготовка на готови и други производи;
  • Проверка на состојбата на складирање на стоките во магацин според дадени упатства.
 
Образование, искуство, вештини:
  • Средно образование со 2-3 години искуство со работа во магацин;
  • Способност за работа во 3 смени;
  • Способност за следење и усогласување со упатствата дадени од претпоставените;
  • Вештини за детално водење на евиденција и организирациски способности;
  • Проактивен пристап кон работните обврски и тимскиот дух;
  • Основно ниво на познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Познавање на MS Office.
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување “Доставувач на материјали до производна линија " преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде