Индустри Сервис, компанија специјализирана за организирана исхрана и индустриски кетеринг која е водечка во областа, отвара своја кујна во глобалната индустриска групација KROMBERG & SCHUBERT – Битола.
Задоволство ни е да ве поканиме да бидете дел од нашиот тим. Станете дел од нашата успешна приказна која ја раскажуваме веќе 22 години, во кои подготвивме над 20.000.000 оброци за нашите клиенти.
За таа цел имаме потреба од следниве работни позиции:
ПОМОШНИЦИ ВО КУЈНА - 50 извршители
ШТО НУДИМЕ:
- Обезбедена континуирана обука и поддршка во сите работни процеси;
- Обезбеден превоз за вработени од Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен;
- Обезбеден топол оброк;
- Исплата на годишен регрес (К-15);
- Исплата на сите додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, трета смена, работа во недела, работа на празник);
- Ваучер за склучен брак;
- Слободен ден за роденден;
- Колективно осигурување на вработените од незгода 24/7;
Апликациите испраќајте ги преку Брзата Апликација
Должности и одговорности:
- Припрема на суровини во согласност со претходно утврдени нормативи и дефинирани упатства за работа,
- Одговорен за помош на Готвачите во тековното завршување на работните задачи,
- Одржување на целокупната хигиена во кујната и помошните простории, опремата и инвентарот,
- Одговорен за брзо и квалитетно послужување на клиентите и запазување на нормативите при делење на храна.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено средно образование
- Претходно работно искуство во дејноста ќе се смета за предност
- Тимска работа
- Висока свест за лична хигиена
- Одговорност и доверливост и самоиницијативност
- Работа под притисок
Веб страна: http://industriservis.mk/