Виш стручен соработник и стручен соработник
Скопје
Рок за пријавување:
- МАКПЕТРОЛ АД
За вработување на 2 (двајца) работници на определено време од 5 (пет) месеци(со можност за продолжување), во Дирекција за финансии и тоа:
I. 1 (еден) работник на работно место виш стручен соработник во Сектор за план и анализа.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено високо стручно образование;
- Работно искуство од 3 години;
- Познавање на методи за финансиска анализа;
- Познавање на сметководствени стандарди и даночна регулатива;
- Напредно познавање на Microsoft Office (Excel, Power Point, Word);
- Познавање на PowerBI ќе се смета за предност;
- Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведеното работно место е од 8:00 до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 40.500 денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
II. 1 (еден) работник на работно место стручен соработник во Сектор за план и анализа.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено високо стручно образование;
- Работно искуство од 1 година;
- Познавање на методи за финансиска анализа;
- Познавање на сметководствени стандарди и даночна регулатива;
- Напредно познавање на Microsoft Office (Excel, Power Point, Word);
- Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведеното работно место е од 8:00 до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 33.500 денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
• Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
• Препорака од претходен работодавач;
• Уверение од кривична евиденција.
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!