Vrabotuvanje.com - Бренд менаџер за електрични возила - Скопје - AUTOMAKEDONIJA
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Бренд менаџер за електрични возила

Скопје

Рок за пријавување:

  • AUTOMAKEDONIJA


Како резултат на стабилен и континуиран раст и желба за задоволување на потребите на купувачите, Аутомакедонија Групација, компанија со најбогата, седумдесет и шест годишна традиција во автомобилизмот, има потреба од енергични, иновативни и деловно ориентирани раководители, со инспиративно лидерство, подготвени да го креираат развојот и имплеменатацијата на важни оперативни задачи и процедури, на позицијата

 

БРЕНД МЕНАЏЕР ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

Профил на кандидатот:

  • Образование – ВСС, Економски факултет, Машински факултет или некои од факултетите од доменот на природни или општествени науки
  • Над 3 год искуство во продажба и маркетинг
  • Се преферира искуство во продажба на автомобили
  • Докажани способности во градење на деловни односи со клиентите и стеикхолдерите
  • Ориентираност кон резултати и постигнување на целите
  • Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Посветеност, самоиницијативност, желба за учење и лична надоградба
  • Висок личен интегритет и деловна култура

Работни задачи:

  • Одговорен за имплементирање  и остварување на продажните и маркетинг планови и цели
  • Ги проучува и следи трендовите на пазарот, преференциите на купувачите и нивните барања и развива пристап за управување со брендот
  • Продажба на патнички возила од програмата на електрични возила
  • Градење професионални деловни релации со постојните и нови клиенти
  • Реализирање продажни посети на клиенти и деловни субјекти за презентирање на понуди на возила и сервисни услуги
  • Организирање на продажни промоции и обезбедување позитивно искуство на купувачите и нивно задоволство
  • Понудување и продажба на останатите услуги на Аутомакедонија Групацијата како технички услуги за хомологација, атести, регистрација на возила, осигурување, помош на пат и останати услуги од портфолиото

 

Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо преку Брзата Апликација најдоцна до 04.10.2024 година.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде