Vrabotuvanje.com - Технолог во производство на храна - Скопје - ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Технолог во производство на храна

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДОО

 

 

Поради проширување на капацитетите на производството, тимот на ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС како позната водечка компанија од областа на кетеринг индустријата, лидер во својата област и во моментов најголема на пазарот, присутна во 5 градови која вработува повеќе од 170 лица, бара:

ТЕХНОЛОГ во производство на храна

(Централна кујна Скопје)
 

Одговорности и задачи

  • Врши контрола на целокупниот процес на производство на храната и дава насоки за корекција во работењето
  • Врши контрола на подготовката на храната од аспект на квалитет, безбедност и почитување на нормативитe
  • Изработува дневно требување
  • Изработува дневни налози за работа
  • Врши контрола на хигиената во кујната и вработените
  • Врши контрола на почитувањето на правилата, процедурите и прописите кај вработените во кујната
  • Врши обука и реобука на вработените во однос на технолошките процеси и безбедноста на храна
  • Врши контрола на менијата дали се во согласност со договорените параметри и барања
  • Во соработка со шефот на кујната изработува нормативи за храната која се подготвува
  • Го контролира излезот на храната од кујна од повеке аспекти
  • Го контролира спроведувањето и имплементацијата на HACCP и ISO стандардите за квалитет и безбедност
  • По потреба врши комуникација со клиентите со цел подобрувања на услугата

Потребни квалификации:

  • ВСС- Технолошко-металуршки факултет и/или Факултет за земјоделски науки и храна
  • Искуство со водење на ISO 22000 и HACCP стандарди
  • Претходно работно искуство на иста или сродна позиција ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија (минимум 2 години активно возење)
  • Самоиницијативност и исполнителност
  • Организираност и одговорност
  • Познавање на англискиот јазик

 

Услови за работа

  • Работa организирана во две смени, 40 часа неделно
  • Топол оброк
  • Годишен одмор 20 работни дена 
  • Регрес за годишен одмор
  • Бонуси и награди за работна успешност
  • Редовни обуки
  • Можност за професионален развој

 

Доколку барате работа во пријатно и стабилно работно опкружување со високи стандарди и организација, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот успешен тим.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде