Vrabotuvanje.com - Помлад корпоративен фандрејзер (Junior Corporate Fundraiser) - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Помлад корпоративен фандрејзер (Junior Corporate Fundraiser)

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

СОС Детско село објавува слободна работна позиција за 1 работно место:

ПОМЛАД КОРПОРАТИВЕН ФАНДРЕЈЗЕР(JUNIOR CORPORATE FUNDRAISER)

 

Дали сакате да направите разлика во животот на децата и семејствата на кои им е потребно?

Во СОС Детско село Македонија го прошируваме Фандрејзинг тимот со нова позиција Помлад корпоративен фандрејзер, кој ќе ни помогне да обезбедиме витална поддршка од корпоративни донатори. Како невладина хуманитарна организација, посветени сме на добросостојбата на децата без родителска грижа и семејствата во социјален ризик.

Локација:ул. Ристо Шишков бр.31, Центар, Скопје 

Вашата улога ќе придонесе за нашата мисија со:

  • Креирање на презентации и друг вид комуникациски материјали потребни за обезбедување на средства од корпоративни донатори
  • Спроведување на директни мејлинг кампањи за обезбедување средства од мали и средни претпријатија
  • Градење и управување со програми за лојалност за поттикнување долгорочни партнерства
  • Одржување и ажурирање на нашата база на податоци за корпоративни донатори
  • Поддршка на настани и активности со корпоративни донатори
  • Подготовка на извештаи за кампањи и настани за собирање средства
  • Извршување на административни задачи во корпоративниот сектор

Што е потребно?

  • Високо образование од општествени науки
  • Работно искуство во продажба и маркетинг ќе се смета за предност
  • Силни комуникациски, организациски, аналитички и продажни вештини
  • Проактивност и ориентираност кон резултати
  • Способност за тимска работа
  • Одлично познавање на англиски јазик и компјутерски вештини (MS Office 365)

Што нудиме?

  • Договор на 1 година (со можност за продолжување на неопределено време)
  • Можности за личен и професионален раст и развој
  • Работно време од понеделник до петок (8:00 – 16:00 часот)
  • Можност за работа од дома 1 ден во неделата

Краен рок за аплицирање: 06.10.2024 година на следниов ЛИНК!

 Заедно, да создадеме свет во кој секое дете се чувствува сакано, ценето и безбедно!

Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Грижа (за деца, за постари лица...) изнесува 16.702 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде