Администратор на канцеларија
Скопје
Рок за пријавување:
- ЕОЅ Матрих
Администратор на канцеларија
Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6
ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Грижа за тековно и професионално функционирање на канцеларијата и набавка на потребни материјали за истото (кетеринг, хигиена, канцелариски материјал, маркетинг материјали, сервисни служби, надворешни соработници)
- Организација на службени патувања за вработените во делот на резервација на превоз, сместување и патничко осигурување
- Поддрчка на работата на Бордот на директори и нивна координација
- Комуникација со клиенти за закажување на состаноци
- Организација на настани за потребите на Компанијата
- Mенаџирањe на влезно - излезна пошта
- Водење е - архива
- Комуникација со медиуми и креирање на содржини за социјалните и дигиталните медиуми
- Истражува нови можности од областа на маркетингот, промоција на брендот на компанијата и изнаоѓа соодветни начини и методи за промоција;
- Соработка со колеги во рамките на групацијата на проекти поврзани со комуникација и маркетинг на брендот
Работни денови: понеделник - петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: 08 – 16 часот
Потребни квалификации
- ВСС ќе се смета за предност
- Работно искуство минимум 2 години
- Работно искуство во општа администрација
- Искуство и познавања од делокругот на маркетинг
- Искуство во банки и други финансиски организации ќе се смета за предност
- Комуникативност, јасност и концизност во изразувањето на Македонски јазик;
- Задолжително познавање на англиски јазик
- Познавање на MS Office 365 пакетот
- Одлични интерперсонални, организациски и комуникациски вештини, вклучувајќи ефективни вештини за пишување;
- Креативност, имагинација и иницијатива
- Сериозен и одговорен пристап кон поставените задачи и почитување на рокови
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 09.10.2024 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
Бенефиции
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- IT опрема
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
Контакт податоци
jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!