Vrabotuvanje.com - Администратор на канцеларија - Скопје - ЕОЅ Матрих
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Администратор на канцеларија

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕОЅ Матрих

Администратор на канцеларија

Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6

ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.

Опис на работни задачи

  • Грижа за тековно и професионално функционирање на канцеларијата и набавка на потребни материјали за  истото (кетеринг, хигиена, канцелариски материјал, маркетинг материјали, сервисни служби, надворешни соработници)
  • Организација на службени патувања за вработените во делот на резервација на превоз, сместување и патничко осигурување
  • Поддрчка на работата на Бордот на директори и нивна координација
  • Комуникација со клиенти за закажување на состаноци
  • Организација на настани за потребите на Компанијата
  • Mенаџирањe на влезно - излезна пошта
  • Водење е - архива
  • Комуникација со медиуми и креирање на содржини за социјалните и дигиталните медиуми
  •  Истражува нови можности од областа на маркетингот,  промоција на брендот на компанијата и изнаоѓа соодветни начини и методи за промоција;
  • Соработка со колеги во рамките на групацијата на проекти поврзани со комуникација и маркетинг на брендот

Работни денови: понеделник - петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: 08 – 16 часот

Потребни квалификации

  • ВСС ќе се смета за предност
  • Работно искуство минимум 2 години
  • Работно искуство во општа администрација
  • Искуство и познавања од делокругот на маркетинг
  • Искуство во банки и други финансиски организации ќе се смета за предност
  • Комуникативност, јасност и концизност во изразувањето на Македонски јазик;
  • Задолжително познавање на англиски јазик
  • Познавање на  MS Office 365 пакетот
  • Одлични интерперсонални, организациски и комуникациски вештини, вклучувајќи ефективни вештини за пишување;
  • Креативност, имагинација и иницијатива
  • Сериозен и одговорен пристап кон поставените задачи и почитување на рокови

 

Успешни заедно

Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 09.10.2024 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

Бенефиции

  •  Компетитивна плата и бенефиции 
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за хоризонтален и вертикален  развој
  • IT опрема
  • Тим билдинг активности
  • Обуки и план за професионален развој

Контакт податоци

jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400

 

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде