Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЕУРО ТАБАК ДОО
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Раководител на сметководство во Скопје
Локација: Скопје
Оддел: Сметководство
Рок за пријавување: 26.10.2024
Позиција: 1
Цел на работното место:
Гарантира ефикасна организација и управување на Одделението Сметководство, организира и спроведува ефикасна книговодствена поддршка за управувањето со финансиите на компанијата, гарантира редовно книжење и ажурирање на податоците во материјалната книговодствена евиденција.
Работни задачи:
Спроведува ефикасно управување и надзор на сите книговодствени процеси и операции во одделението во согласност со законските прописи, меѓународните сметководствени стандарди и компаниските процедури и воспоставува соодветни интерни контроли.
Подготвува и координира книжење во главната книга и сложување на сите книговодствени конта.
Ги анализира месечно состојбите, идентификува варијанси и врши прилагодувања во главна книга.
Учествува во процеси на креирање на буџети на организациските единици и при подготовка на бизнис планот на компанијата.
Врши контрола на ставките во бруто биланс по контен план.
Врши контрола на сите рачно контирани документи во сметководство.
Даноци и ревизии:
Обезбедува пресметка на даноци, царини, јавни давачки, такси и акцизи.
Учествува во подготовка и достава на финансиски извештаи кон надворешни надлежни институции
Гарантира ефикасно и точно книжење и евидентирање на даночните обврски на компанијата во согласност со закон со цел да овозможи нивно соодветно плаќање.
Учествува во ревизии, вклучувајќи и годишни надворешни ревизии, и соработува со претставници на даночни контроли од надлежни институции согласно закон
Извештаи и прегледи:
Подготвува интерни и екстерни извештаи, ревидира и ажурира извештаи според потребите.
Учествува во подготовка завршна сметка.
Изготвува месечни прегледи на даноци, ажурира и подготвува пријави за ДДВ
Книжење:
Ги координира активностите за воведување и ажурирање на конта и книжење според контен план.
Гарантира спроведување на точни и редовни книжења на дневна основа.
Ги затвора месечните сметки и пресметката.
Водење на главна книга:
Самостојно го води книговодството на компанијата согласно законските прописи и интерните процедури согласно МСС и МСФИ.
Контролира влезни и излезни фактури, денарски и девизни изводи и други документи за да ја евидентира состојбата во главната книга.
Врши пресметка на ДДВ обврски, подготвува ДДВ пријави и книжи ДДВ.
Врши сложување и анализа на бруто биланс.
Учествува во изготвување завршна сметка и врши консолидирање на билансите.
Соработува со коминтенти, надлежни институции и банки за потребите на својата работа.
Услови за работа:
Редовна месечна плата;
Полно работно време- 40 часа;
Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено;
Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Приватно здравствено осигурување;
Континуирани обуки и стручно доусовршување;
Исплата на минат труд.
Потребни квалификации:
Високо обраозвание (Економска насока);
Најмалку 5 години искуство, од кои 3 години на раководна позиција;
Уверение за овластен сметководител
Комуникациски вештини;
Познавање на англиски јазик;
Одлично познавање на Microsoft 365;
Искуство со работа во IRP.
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 26.10.2024
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!