Vrabotuvanje.com - Возачи на виљушкар - Охрид - ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Возачи на виљушкар

Охрид

Рок за пријавување:

Друштво за производство и услуги ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид во Северна Македонија е основана во 1961 година и се приклучи на LTH Castings Group во 2005 година. Почнувајќи од 60-тите години како снабдувач за автомобилската индустрија на поранешна Југославија, покривајќи различни категории на делови и материјали, компанијата еволуираше во структуриран и економичен производител на алуминиумски компоненти, базиран на техничко знаење на стручни кадри.

LTH Castings – ЛТХ Леарница вработува:

ВОЗАЧИ НА ВИЉУШКАР (3 извршители)

Потребни услови:

  • Средно образование 3 години
  • Просторна ориентација, трпеливост и самоконрола, како и самоиницијативност
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Искуство со работа со виљушкар (предност)

Одговорности:

  • транспорт и магацинско средување
  • правилен утовар и растовар на производите/суровините во согласност со прописите и потребата
  • контролирање на состојбата на вилушкарите и уредите на нив
  • работа на висина по потреба
  • грижа за редот на секоја депонија посебно  и грижа за работното место
  • почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
  • извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од работодавачот 

НАПОМЕНА!: фирмата обезбедува стручна обука за управување во виљушкарот, безбедноста при управувањето и начинот на работа. Потребна е само желба за работа.

НУДИМЕ
Ве очекува стабилна работа во успешна меѓународна компанија од автомобилската индустрија каде заедно со нас ќе ја креирате иднината на глобалната (авто)мобилност.

  • компетитивни месечни примања согласно искуството од областа, едукација и напредување
  • покриени трошоци за превоз до и од работа, обезбеден топол оброк
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • бонуси за работна успешност
  • исплата на новогодишен надоместок
  • доброволно приватно здравствено осигурување

Како да аплицирате:

Сите заинтересирани апликациите можат да ги испратат   hr.mk@lthcastings.com / преку брза апликација или посетете ја нашата веб страна  https://www.lthcastings.com/mk/kariera .  Во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Рок за пријава 14 дена од објавување.

ЛТХ Леарница е работодавач со еднакви можности и ги охрабрува кандидатите од сите средини да аплицираат. Го цениме времето и трудот вложени во секоја апликација, но само квалификуваните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. Ви благодариме што размислувате за кариера со нас!

www.lthcastings.com

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде