Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - ДИАВЕРУМ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДИАВЕРУМ

 

Диаверум е мултинационална здравствена компанија која што започнува во Шведска, и обезбедува бубрежна нега што го подобрува животот на пациентите со хронична бубрежна болест (ХББ), давајќи им можност да живеат исполнет живот. Како глобален лидер и најголем независен давател на бубрежни услуги во Европа, ние се грижиме за околу 38.000 пациенти низ 440 клиники во 23 земји на глобално ниво.

Нашиот фокус е да обезбедиме бубрежна нега приспособена на потребите и изборот на пациентите, нудејќи портфолио на третмани кои се движат од превентивна нега, хемодијализа, до координација на коморбидитетите на пациентите и дијализа за годишен одмор.

Хроничната бубрежна болест (ХББ) е глобален и ескалирачки предизвик денес кој влијае на околу 10% од возрасната популација во светот. ХББ е првенствено предизвикана од болести од начинот на живот, како што е дијабетесот, а неговата распространетост се зголемува, особено во земјите во развој и кај поединците со ниски приходи. Ние се грижиме нашите клиники бидат безбеден и познат простор каде што сите наши пациенти ќе се чувствуваат добредојдени.

Нашата визија е да ја трансформираме индустријата преку дигитални иновации насочени кон пациентите, обезбедувајќи и проширувајќи го пристапот до највисок квалитет на нега. Фокусот во работата е на нашиот стандардизиран, сопствен модел за испорака на нега, овозможен од дигиталната инфраструктура која постојано се развива. Се стремиме да обезбедиме супериорни медицински резултати што ги надминуваат оние што ги бараат националните здравствени системи и ги поддржуваме пациентите преку подобрување на персонализираната нега, леснотијата на користење на новите услуги преку технологијата.

Диаверум вработува приближно 13.000 луѓе и оперира во 440 клиники во 23 земји на глобално ниво. Диаверум има седиште во Малме, Шведска.

Дознајте повеќе:www.diaverum.com

СЕГА СМЕ ВО ПОТРАГА ПО
МАГАЦИОНЕРИ ВО СКОПЈЕ

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Врши квалитативен и квантитативен прием, складирање, евидентирање и издавање на стока за потребите на работниот процес;
  • Одговара за состојбата на стоките и презема мерки за нивна заштита и безбедно чување во зависносто од видот на стоката;
  • Собира приемници и испратници за евиденција на примен и издаден материјал;
  • Одговорен е за постојан надзор и контрола на стоката во магацинот;
  • Помага во извршување на дневните активности во центарот за дијализа по налог на директен претпоставен.

ЗА ТЕБЕ:

  • Завршено минимум ССС образование;
  • Пожелно претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Лиценца за управување со вилушкар ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б-категорија.

ПРИДОБИВКИ:

  • Атрактивни услови за вработување во меѓународна компанија со воспоставена позиција на пазарот;
  • Пријателска работна атмосфера со посветен и поддржувачки тим;
  • Солидни и редовни месечни примања согласно законската и подзаконската регулатива во Македонија.

Во Диаверум ги цениме различностите. Посветени сме на еднакви можности и на создавање на инклузивна работна средина за сите наши луѓе. Ги поздравуваме апликантите без разлика на етничка припадност, националност, пол, родов идентитет, боја на кожа, религиозни убедувања, попреченост, сексуална ориентација, возраст или брачен статус.

Аплицирај со испраќање CV на маил hr.macedonia@diaverum.com или преку полето Аплицирај.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде