Vrabotuvanje.com - Координатор за дигитален маркетинг (Јуниор) - Скопје - СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Координатор за дигитален маркетинг (Јуниор)

Скопје

Рок за пријавување:

  • СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ

Ист Гејт Мол, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.  

Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење. 

За потребите на маркетинг одделот објавуваме оглас за

КООРДИНАТОР ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

(ЈУНИОР)


Одговорности и работни задачи:
  • Директно да ги координира одобрените маркетинг стратегии на дигиталната канали;
  • Спроведување активности за дигитален маркетинг на социјалните мрежи;
  • Мерење на резултатите од раст на дигиталните канали на месечно ниво (број на следбеници, досег, ангажираност, впечатоци);
  • Развивање стратегија за дигитален маркетинг за социјалните медиуми на East Gate Mall (Facebook, Instagram, YouTube, Linkedin, TikTok);
  • Следење и одржување на тековната содржина на веб-страницата;
  • Подготвување и имплементација на содржина и координација со надворешни маркетинг агенции;
  • Ревидира и дава препораки за буџетско трошење на дигитални реклами Google Ads, спонзорирани реклами на социјалните медиуми, итн.;
  • Координира маркетинг агенциите за објава на содржини,
  • Соработки со инфлуенсери;
  • Изготвување на извештаи за месечни маркетинг активности;
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
  • Универзитетска диплома или академија за маркетинг комуникации, бизнис, е-бизнис, економија или друга поврзана област
  • Минимум 1 година искуство во дигитален маркетинг
  • Одлично познавање Microsoft Office пакет
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Изразени аналитички способности
  • Способност за планирање, преговарање и координација на симултани таскови
  • Креативно размислување и ориентираност кон детали
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини
Што нудиме:
  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 10.10.2024.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде