Rikomak Copier Service ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како единствен снабдувач, увозник, и сервисен центар на Nashua фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.
Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања.
Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.
РЕФЕРЕНТ ЗА ФИНАНСИИ И АДМИНИСТРАЦИЈА
еден ИЗВРШИТЕЛ
Потребни вештини и способности:
- Најмалку 2 години искуство во финансии и/или административна работа
- Отворена личност со одлични организациски вештини
- Напредни компјутерски вештини (Excel / Word)
- Предност познавање на сметководство
Одговорности и задачи:
- Водење евиденција на сите рокови поврзани со финансиското работење на компанијата
- Одговорност за двени уплати, изводи, дневен промет и материјални трошоци
- Подготовка на документи за сметководство
- Останати административни работи
Ние нудиме:
- Редовна плата + бонуси од сработеното
- Службен телефон и службено возило
- Обезбедена обука
- Работно време од понеделник до петок 08:00 - 16:30ч
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
Повеќе информации на: www.rikomak.mk