Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје


ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

Опис на работните задачи и одговорности:
  • Проверка при прием, книжење и контирање на влезна/излезна материјална и финансиска документација;
  • Проверка и книжење на изводи од банки;
  • Проверка на книжењето на трансакциите;
  • Пресметка/изработка на даночни пријави;
  • Изработка и контрола на извештаи за тековно работење;
  • Други задачи во согласност со позицијата и по барање на работодавачот;
  • Познавање, следење и примена на законите и прописите од областа на сметководството и даночната регулатива;
  • Комуникација со надворешни институции и групацијата и нивните сметководства.
Нудиме:
  • Вработување на определено времетраење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување и понатамошна трансформација на неопределено време;
  • Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
  • Конкурентна плата, во зависност од квалификацијата и искуството на кандидатот;
  • Работа во динамична, развојна и пријатна средина;
  • Можности за развивање и континуирано персонално усовршување;
  • Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.
Потребни квалификации, искуство и образование:
  • Високо или средно образование од областа на економските науки;
  • Работно искуство од најмалку 2 години во доменот на вршење на сметководствени работи;
  • За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување, друштво за застапување во осигурување или осигурително брокерско друштво;
  • За предност ќе се смета Лиценца за овластен сметководител / сметководител;
  • Солидно познавање на работа со компјутери и MS Office;
  • Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
  • Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
  • Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
  • Комуникациски способности, способност за тимска работа.

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик преку Брзата Апликација со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 10.10.2024 година. Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци(*).

Само кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде