Vrabotuvanje.com - Специјалист за апликација и продажба - Скопје - БИОТЕК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за апликација и продажба

Скопје

Рок за пријавување:

 

Биотек ДОО Скопје е реномирана компанија основана во 1999 година која оттогаш континуирано расте и се развива и денес е докажан регионален лидер во продажба на високо квалитетна лабораториска опрема и потрошен материјал, пост-продажна поддршка и сервис, како и апликативна и техничка поддршка.

Растејќи и развајќи се, постојано го прошируваме нашиот тим и во моментов имаме потреба од: 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АПЛИКАЦИЈА И ПРОДАЖБА

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование – Природно математички факултет, Медицински факултет или Фармацевтски факултет
  • Претходно работно искуство во областа ќе се смета за предност

Потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски способности
  • Способност за динамична работа и работа на терен
  • Одлично познавање на MS Office
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б-категорија, активен возач

Главни одговорности:

  • Продажба и апликација на тестови за молекуларна дијагностика
  • Обука на клиенти во однос на користење на опрема и тестови
  • Поддршка за клиентите во однос на користење на опремата и тестовите
  • Посета на клиенти, грижа за задоволството на истите и одговарање на нивните барања
  • Привлекување на нови клиенти и спроведување на активности со цел ширење на мрежата на продажба
  • Пронаоѓање и отворање на можности за промоција и апликација на нови тестови/опрема

Компанијата нуди:

  • Можности за професионален и личен раст и развој
  • Дигитализирани работни процеси со современи алатки и технологии
  • Енергична и професионална работна средина
  • Модерни канцеларии во центарот на градот
  • Подароци за родендени и празници
  • Можности за обуки и за напредок во кариерата
  • Конкурентни месечни примања со надоместоци и бонуси
  • Бенефиции за лојални вработени
 

Известување за приватност на кандидати за вработување

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.

**Ги замолуваме само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови да аплицираат на огласот.

**Со поднесување на оваа апликација сте согласни да бидете дел од Базата на потенцијални кандидати и за идните новоотворени работни позиции во текот на годината. Доколку сакате Вашата Професионална биографија CV да биде избришана од системот по истек на овој Оглас за вработување, Ве молиме да поднесете барање за бришење на горенаведената е- маил адреса

https://biotek.com.mk/about-us/

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде