СТРУЧЕН МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
Локација: Скопје
Опис на работното место:
- Секојдневно ја посетува стручната јавност согласно дефинираната маркетинг стратегија
- Редовно планира и остварува посети на лекари и фармацевти
- Професионално ги презентира производите во согласност со бренд плановите
- Ја следи и ја анализира продажбата по брендови за својот терен
- Иницира иновативни идеи во секојдневните работни активности со цел зголемување на индивидуалните и компаниските резултати
- Ги реализира плановите за продажба
- Поднесува редовни извештаи за своето работење
- Организира и учествува на стручни собири и конгреси во земјата и странство
- Континуирано се едуцира и ги следи најсовремените медицински достигнувања
Потребни квалификации:
- Завршен медицински, стоматолошки или фармацевтски факултет
- Познавање на Англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки способности
- Одлично познавање на MS Office
- Претходно работно искуство во фармацевтската индустрија