Vrabotuvanje.com - Помлад продавач / помлад продавач касиер - Куманово - Куманово - МАКПЕТРОЛ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Помлад продавач / помлад продавач касиер - Куманово

Куманово

Рок за пријавување:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 

За вработување на 8 (осум) работници на бензинска станица во Куманово во Регион Куманово во Дирекцијата за малопродажба на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот, и тоа:

  1. 5 (пет) работници на работно место продавач

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години;

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве компетентности:

  • Тимска работа;
  • Комуникациски вештини;
  • Квалитетна услуга.

Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени. Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела. Основната плата за горенаведените работни места изнесува 30.000 денари. Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

  1. 3 (тројца) работници на работно место продавач - касиер

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години;

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве компетентности:

  • Тимска работа;
  • Комуникациски вештини;
  • Квалитетна услуга.

Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени. Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.Основната плата за горенаведените работни места изнесува 28.500 денари. Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
  • Писмо за мотивација – со јасно наведено работно место;
  • Кратка биографија;
  • Копија од диплома за завршено образование;
  • Копија од други стекнати дипломи и уверенија (доколку поседува);
  • Препорака од претходен работодавач;
  • Уверение од кривична евиденција.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде