Vrabotuvanje.com - Оператор на машина - Скопје - PURPLAST MK DOO
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Оператор на машина

Скопје

Рок за пријавување:

  • PURPLAST MK DOO
Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот.

Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.

ОПЕРАТОР НА МАШИНА (10 оператори)

Одговорности​:

  • Ракување со сите релевантни машини, алати и опрема, извршување на производствени задачи во согласност со инструкциите и стандардите на компанијата;
  • Поставување и прилагодување на опремата согласно спецификациите за производство;
  • Следење на квалитетот на производот, со цел навремено да се идентификува, отфрли или спречи произведство на неисправни производи;
  • Да ракува со производствените машини со бараната стапка на продуктивност

Барања, Вештини и Компетенции:

  • Завршено средно техничко образование;
  • Претходно искуство во производство ќе се смета за предност;
  • Детално ориентиран и организиран во својата работа;
  • Способност за следење на работни инструкции;
  • Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност, независност, организираност и одговорност;
  • Организациски вештини и компетенции: способност за планирање и организирање на работата.

Што Нудиме:

  • ПОЧЕТНА ПЛАТА 30 000 ДЕНАРИ 
  • Раст на платата два пати годишно
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ + пресметан минат труд;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;
  • Годишен регрес
  • Работно време од Понеделник до петок во две смени. 

Доколку сте заинтересирани аплицирајте преку полето Брза Апликација

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде