Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group - Park Hotel & Spa обезбедува услуги по највисоки светски стандарди и соодветно на своите пет ѕвезди има потреба од ангажирање на персонал и проширување на својот тим.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Спа центарот на следната работна позиција:
КООРДИНАТОР ЗА ПРОДАЖБА
- Врши предвидувања и анализи, изготвува извештаи за реализирана продажба од хотелско ресторански услуги;
- Активно учествува во изготвување на бизнис планот, ценовната политика и дава предлози за маркетинг кампањи;
- Организира и спроведува состаноци со постојани и нови клиенти за презентирање на компанијата и капацитетот со кој располагаме;
- Активно врши резервација во хотелскиот резервациски систем како и банкет резервацискиот систем;
- Склучува договори за организирани настани и договори за годишна соработка со клиенти;
- Изготвува про-фактури и учествува во изработка на фактури;
- Активно го следи пазарот и конкуренцијата, ги следи каналите на on-line продажбата
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Одлични аналитички и организациски способности
- Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност,
- Флексибилност за индивидуално и тимско работење
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку копчето Аплицирај