Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЗЕГИН ДОО
ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:
КООРДИНАТОР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Очекувани вештини и способности:
Извршување на работните активности од доменот на безбедност и здравје при работа
Познавање на прописите и тековно усогласување на компанијата со прописите од наведената област
Следење и спроведување на сите измени во законските прописи
Претходно работно искуство од наведената област
Што нудиме:
Стимулативна плата и бенефиции
За најдобрите вработени – наградно патување
Исплата на сите додатоци на плата
Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и обуки
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да испратите биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација со ознака Координатор за безбедност и здравје приработа.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Останато изнесува 22.029 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!