Финансиски Контролор
Работните одговорности и задачи вклучуваат:
- Учество во подготовка на годишен бизнис план: вклучува приходни извештаи, анализа на приходи по клиенти и финансиски проекции;
- RF извештаи: редовнo следење на бизнис планот;
- Контрола на финансиски извештаи (трошоци, побарувања и обврски, инвестиции);
- Подготовка на финансиски анализи за менаџментот (приходи, трошоци и сл.), вклучувајќи стандардни и ad hoc финансиски извештаи;
- Одобрување на нарачки за набавки во опeративниот софтвер на компанијата;
- Учество во подготовката на месечни финансиски извештаи и поддршка на сметководството во делот на приходите по клиенти;
- Дневно следење и координација на контролинг активности и анализа на сметководствени податоци за обезбедување на точност (контрола на потенцијални грешки);
- Извршување на дополнителни задачи согласно насоките на менаџментот;
- Следење и примена на законските регулативи и групациските стандарди во подготовката на извештаи и групациски барања;
Квалификации кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
- Економски факултет, со предност за насоките: сметководство, ревизија или финансии.
- Одлично владеење на англиски јазик;
- Вештини за работа со компјутери (MS Office, ERP системи) и сметководствени програми за пристап до податоци; предност е искуство со Oracle базирани платформи како Hyperion Management System (HFM), кој го користи Публицис Групацијата;
- Напредно познавање на Excel и PowerPoint.
- Минимум 5 години релевантно работно искуство;
Придобивки:
- Работа во една од најголемите светски маркетинг групации;
- Конкурентна плата, прилагодена на вашето искуство и вештини;
- Годишен регрес К15 –можност за поголема вредност согласно севкупниот финансиски перформанс на агенцијата;
- Новогодишна награда, врз основа на финансиските резултати на агенцијата.;
- Пристап до глобална онлајн платформа со обуки за личен развој (Marcel);
- Платена членарина во Институтот на овластени сметководители и часови на KPU согласно правилникот на Институтот, доколку поседува лиценца;
- Целосен/проширен систематски преглед покриен од компанијата;
- Приватно здравствено осигурување;
- Флексибилно работно време;
- Забавна и инклузивна работна средина со тимски активности и корпоративни настани;
- Пријателска средина за домашни миленичиња;
Заинтересираните кандидати/ки да ги достават своите биографии најдоцна до 15.10.2024 година преку полето Брза Апликација со наслов: Финансиски контролор.
Кандидатите кои ќе ги исполнуваат условите за позицијата ќе бидат контактирани за интервју.