МАГНЕТИК вработува ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ во своите продажни салони на CARPISA
Магнетик е основана во 1992 година и денеска е лидер во дистрибуцијата и малопродажбата на текстилни производи со над 25 продажни франшизни салони, мегу кои два мултибренд и повеќе аутлет продажни салони, сите сместени во центарот на Скопје, во Ист гејт мол, Рамстор мол, Сити мол, Капитол мол и Дајмонд мол, како и три угостителски објекти Амигос, Мексикански ресторани во реонот на Скопје.
Компанијата денес ги има ексклузивните права на дистрибуција и продажба на Weekend Max Mara, Marella, Pennyblack, Liu Jo, Pinko, Paul&Shark, Gerry Weber, Patrizia Pepe, Twinset, Yamamay, Carpisa, Oltre, Motivi и Fiorella Rubino во Македонија. Дополнително застапени сев и Studio Max Mara, Max Mara Leisure, Sportmax Code, Selfportrait, Joseph Ribkoff. Уште при самото нејзино основање, целта беше да се создаде врвна компанија која на нашиот пазар ке донесе производи од светски познати марки со прифатливи цени за нашиот пазар. Филозофијата на Магнетик е насочена кон пазарот, обрнувајки особено внимание и почитување на потребите на потрошувачите, нудејќи им квалитетна услуга и најнови модни трендови.
Во моментов има отворено слободна работна позиција за
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ
во продажните салони на Carpisa
Добредојдени се кандидатки со минимум средно образование, кои сакаат да се стекнат со основни вештини, а и да навлезат подлабоко во модната индустрија.
Месечен финансики надоместок се надградува во зависност од претходното работно искуство, како и со дополнителни бонуси и одлични работни бенефиции.
Аплицирајте преку полето Брза Апликација.