Vrabotuvanje.com - Медицински претставник - Велес - Гевгелија - Велес, Гевгелија - ЗЕГИН ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Медицински претставник - Велес - Гевгелија

Велес, Гевгелија

Рок за пријавување:

  • ЗЕГИН ДОО

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
 
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК - ВЕЛЕС - ГЕВГЕЛИЈА

Потребни квалификации:
  • Високо образование
  • Работно искуство во промоција на фармацевтски производи
  • Пожелно е познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office
  • Положен возачки испит Б категорија
Потребни вештини и способности:
  • Поседување комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Претприемачки дух, стручна компетентност
  • Организирана и одговорна личност
  • Професионален и љубезен однос кон клиентите
  • Позитивен став
  • Справување со работа под притисок, исполнување на таргети
Одговорности:
  • Посета на ПЗУ и ЈЗУ со цел промоција и презентација на фармацевтски производи
  • Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата Зегин и производите
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Остварување на предвидениот план за продажба
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на семинари
Што нудиме:
  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени – наградно патување
  • Исплата на сите додатоци на плата
  • Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Службено возило за исполнување на работните задачи
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и обуки
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените (Employees wellbeing)

​Предност ќе имаат кандидатите коишто живеат во наведениот регион!

 

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да испратите биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација со ознака Медицински претставник – Велес - Гевгелија .
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Здравство и Социјална работа изнесува 23.752 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде