Vrabotuvanje.com - Сметководител/Овластен сметководител - Скопје - КИА НОРТ МАЦЕДОНИА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител/Овластен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • КИА НОРТ МАЦЕДОНИА


 

 

Друштвото ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО Скопје има потреба за вработување на работник на следната работна позиција: 

Сметководител/Овластен сметководител

Потребни квалификации:

  • Високо Образование (Економски Факултет)
  • Одлично познавање на компјутери (MS Office)
  • Познавање на англиски јазик
  • Комуникативна и доверлива личност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Работно искуство од 3 години
  • Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок

Основни обврски и одговорности:​ 

  • Електронско плаќање на денарските/девизни обврски на Друштвото
  • Дневно книжење на денарските / девизните изводи
  • Книжи целокупната влезна документација трошковни фактури
  • Книжење на основни средства, води регистар на основни средства, отпис на основни средства и пресметка на амортизација
  • Прави пресметка на платата на вработените, како и нејзино книжење
  • Изготвува и книжи ДДВ пријава
  • Изготвува и книжи месечни МДБ и годишен ДБ
  • Изготвува извештаи за НБРМ и Државниот завод за статистика
  • Изготвува конфирмации на салда со купувачи и добавувачи
  • Следи и имплементира сметководствени и финансиски регулативи и стандарди
  • Книжи годишни пописи и усогласува состојба на материјално со финансово
  • Изготвува годишна завршна сметка
  • Слага финансиските картици со купувачи и добавувачи, како и изготвување и книжење на компензации, цесии и асигнации
  • Следи обврски кон банки (кредити и банкарски гаранции)
  • Соработува со инспекциски органи, ревизори, купувачи/добавувачи

Вашето CV, доставете го преку полето за брза апликација или на адреса ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО Скопје ул. Перо Наков бр.25 со назнака на работното место “Сметководител/Овластен сметководител” најдоцна до 18.10.2024 година.

Напомена

 Контактирани ќе бидат само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Некомплетните и ненавремени апликации како и апликации без назнака нема да се разгледуваат.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде