Одговорности и задачи:
- Контрола на квалитетот на влезни сировини, репроматеријали и готов производ;
- Следење и одржување на квалитетот на готов производ врз основа на лабараториски анализи,
- Согледување и анализирање на производствениот процес, предлагање на мерки и разрешување на техничко-технолошките проблеми;
- Континуирано имплементација и одржување на системот за безбедност на храна,
- Учество во техничко-технолошките процеси за унапредување на производството;
- Учество во креирање на развојни програми, нови производи, пакувања и сл.
- Следење на функционирањето и исправноста на постројките и превземање на мерки за отстранување на дефекти согласно стручната спремност,
- Организирање на вработените, нивно обучување, распоредување и контролирање на работењето во смената.
Потребни квалификации:
- Кандидатите со ВСС- Технолошки факултет и Факултет за земјоделски науки и храна или претходно работно искуство на иста или сродна позиција минимум 3 (три) години ќе имаат предност при изборот;.
- Одлично познавање на англиски јазик.
- Одличо познавање на MS Office пакетот.
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим;
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
- Организираност и одговорност;
Ви нудиме:
- Почетна месечна плата (со можност за зголемување) во висина од 45.000-50.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција, додатоците на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи);
- Исплата на регрес за годишен одмор;
- Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
- Обезбеден оброк;
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документот за аплицирање - CV (во кое ќе бидат наведени степенот на образование и работното искуство;
- Назнака на позицијата за која се аплицира (во самиот маил);
Во зависност од бројот на пријавените кандидати, изборот на кандидат ќе се изврши во период од 30-90 дена по истекот на рокот за аплицирање.
Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВО – ТЕХНОЛОГ“
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 08.10.2024 до 22.10.2024).
Напомена:
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани за интервју.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира НЕМА да бидат разгледани!