МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР (RETAIL)
- Како Маркетинг Менаџер (Retail), ќе учествувате во предлагање, подготовка и имплементација на промотивни активности кои помагаат да се развие и зајакне брендот на компанијата, да се обезбеди поддршка во промовирање на производи, услуги и постигнување деловни цели. Ќе бидете во постојана комуникација со реонските и регионалните менаџери, со агенции, медиумски партнери и со организации со кои компанијата соработува.
- Управување со следните (landbasе) активности: креирање на маркетинг планови за промотивни активности во комуникација со регионалните и реонските менаџери, следење на плановите и реализација на активностите, подготовка на POS материјали со тимот за дизајн, дистрибуција на локации, одржување, следење и проверка на состојбата на промотивни материјали, акции и активности.
- Ги следи и анализира резултатите од сите промоции и известува за истите.
- Промотивни активности: Управување и надзор на односите со надворешни агенции (за креатива и продукција), партнерски компании и добавувачи со цел спроведување на активности кои се усогласени со стратегијата и целите на брендот, организација на настани - отворање на локали, промоции и други настани врз основа на маркетинг план. Обука и следење на работата на ангажираните надворешни соработници (супервизори, хостеси) во спроведувањето на договорените активности.
- Спонзорства: Комуникација со клубови, турнири и организации на ниво на локални заедници и следење и спроведување на активности поврзани со договорените спонзорства. Идентификација на потенцијални партнери, преговарање за условите поврзани со нови спонзорства и одржување на односите со постоечките партнери, се со цел зајакнување на присуството на Брендот.
- Мултифункционална соработка: Соработка со интерните тимови (финансии, online, операции, HR, VIP online итн.); создавање содржина во соработка со дизајнерот, и social и online тимовите.
- Работа на терен: посета на локалите и предлагање активности за подобрување на работата во договор со менаџерите за продажба и директорот на операции.
- Анализа на пазарот: истражување и анализа на активностите на конкурентите. Следење на позицијата на брендот во однос на конкуренцијата и предлози за подобрување и зајакнување на присуството на брендот и нови промотивни активности за локалите.
- Следење на перформансите: Помага при собирање и анализа на податоци за перформансите на кампањата и продажбата.
- Комуникација и поддршка: Обезбедува поддршка за повисокото ниво на менаџери, комуницира со тимот и трговските партнери и ги решава основните прашања и предизвици.
- Административни задачи: Управување со административни задачи како што се креирање извештаи, ажурирање бази на податоци и организирање состаноци.
- Известува до: Сениор маркетинг менаџер
- Директни извештаи: 2 (Директор за операции/Сениор маркетинг менаџер)
Потребни квалификации:
- Диплома од областа на општествените науки ќе се смета за предност
- Докажано искуство (минимум 1 година) во маркетинг, со фокус на успешен развој и имплементација на стратегии и кампањи на брендот.
- Активен возач.
- Силни вештини за тимска работа, со способност да ги инспирира и мотивира тимовите за постигнување на заедничките цели.
- Одлични комуникациски и презентациски вештини, вештини за управување со проекти.
- Познавање на трендовите во индустријата и однесувањето на потрошувачите.
Со нас добивате:
- Тим кој расте, се развива и учи заедно
- Работа во динамична средина
- Можност за напредувањe
Доколку се препознавате себе си во описот, аплицирајте, представете ни се и станете дел од незаборавно искуство.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.