Vrabotuvanje.com - Домар - Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

 

Ресорт Маврово е најпопуларниот македонски скијачки центар со повеќедецениска традиција во давање на врвно искуство и услуга на сите посетители кои се љубители на зимските и планинските спортови, како и на сите оние кои  уживаат во прекрасната природа на Националниот Парк Маврово.

Ресорт Маврово е препознатлив бренд со голема популарност кај туристи од регионот на Балканот, како и од Европа.

Ресорт Маврово ги опфаќа следните капацитети;  Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Смрча, Хотел Lodge и Ски центарот и Спортскиот центар.

Нашиот персонал е нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга заради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како пријатели.

Подготвувајќи се за претстојната зимска сезона го прошируваме нашиот тим на повеќе работни позиции:

ДОМАР

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Работен ангажман е од сезонски карактер за период од 01.12.2024. до 31.03.2025. година.

 

Доколку :

  • Те исполнува давање на врвна услуга на клиенти,
  • Лојален си и чесен,
  • Проактивен, вреден и енергичен,
  • Одговорен и посветен кон работата,
  • Вешт комуникатор,
  • Тимски играч,

Имаш решение за секој предизвик и имаш целта ти е да се развиваш и усовршуваш,

А ја сакаш и почитуваш природата,

Тогаш ти си идеалниот кандидат за нас!

Ќе ти понудиме:

  • Конкурентна основна плата + додатоци на плата
  • Работен ангажман на полно работно време,
  • Обезбедено бесплатно сместување и 3 оброци дневно,
  • Платен превоз,
  • Напредок, награди, тим билдинг активности,
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели
Работни задачи:
  • Врши превоз на вработените во Ресорт Маврово од околните места до работното место и обратно;
  • Се грижи за исправност на возилото;
  • Помага на собарки и вработени во перална за пренос на постелнина до хотелите и перална;
  • Се грижи за општата хигиена во објектите на ресортот;
  • Асистира на хаусмајстор во извршување на дневни обврски;
  • Ја одржуваа проодноста на пешачките патеки во комплексот во зимски услови;
  • Ги снабдува камините со дрза за тековниот ден;
  • Други одговорности соодветни на работното место.

Потребни квалификации:

  • ССС
  • Возачка дозвола Б категорија - задолжително
  • Искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со алат и општи познавања за вршење поправки ќе се смета за предност;
  • Можност за двократно работно време.

 

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции.

Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата.

Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде