Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи:
Фармацевт во оддел за обезбедување на квалитет
- ВСС - Дипломиран фармацевт
- Познавање на говорен и пишан англиски јазик, како и ракување со Microsoft Office пакетот
- Со или без работно искуство
Главни одговорности и активности на работното место:
- Обезбедување на квалитет на производите во согласност со релевантните регулативи (GMP, ISO стандарди)
- Спроведување и надзор на сите процеси поврзани со обезбедување на квалитет
- Комуникација со останатите оддели за следење на почитувањето на пропишаните процедури и стандарди
- Подготвување на извештаи за внатрешни и надворешни ревизии
- Одржување и подобрување на техничката документација за производите
- Спроведување на корективни и превентивни активности
Ние нудиме:
- Пријатна работна атмосфера
- Работно време во една смена
- Организиран превоз
- Можност за професионален развој и напредување
- Пријатно работно опкружување и континуирана едукација.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, с. Долно Оризари бб, Велес 1400 или електронски преку полето Брза Апликација, задолжително со назнака за Фармацевт, најдоцна до 21.10.2024 година.