Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ
Друштвото ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ СТОЈМИР ДООЕЛувоз-извоз Скопје има потреба за вработување на работник во Подружница ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ ШТИП на следната работна позиција:
Продавач/Магационер
Потребни квалификации:
Средно образование
Работа на каса и искуство со работа на материјален програм
Задолжително познавање на работа со компјутери
Задолжително познавање на Office пакетот
Магацинско работење со издавање на роба и прием на роба со баркод читач (работно искуство минумум 2 години)
Водење на целокупна документација за работа во магацинот
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство од минумум 2 години како и познавање во делот на електро и неелектро материјали, група на производи: кабли и кабловски пробор, автоматика, бакелитарија, расвета, водовод, санитарија, рачен и електричен алат, хемиски производи
Комуникативност и услужливост
Способност за тимска работа
Вашето CV, доставете го преку Брзата Апликација или на адреса Електроелемент ДООЕЛ Скопје ул. Перо Наков бр.25 со назнака на работното место “Продавач/Магационер Штип” најдоцна до 22.10.2024 година.
Напомена:
Контактирани ќе бидат само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Некомплетните и ненавремени апликации како и апликации без назнака нема да се разгледуваат.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!