Vrabotuvanje.com - Работници во производство - Прилеп - МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Работници во производство

Прилеп

Рок за пријавување:

  • МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП

РАБОТНИЦИ ВО ПРОИЗВОДСТВО

 

За Микросам:

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 330 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

CNC ОПЕРАТОРИ - plasma cutting/water jet

 

Основни одговорности и задачи:

  • Познавање/читање на работилнички цртежи за машински делови и следење на техничко пропратни инструкции и документација;
  • Штелување и оперирање со CNC машина, изработка на 2D цртежи согласно добиената техничка документација, генерирање на NC програм;
  • Следење на процесот при работа со машината;
  • Мерење на димензиите на готовите парчиња и нивна доработка;
  • Работа со вилушкар

CNC ОПЕРАТОРИ - глодалка/струг

 

Основни одговорности и задачи:

  • Познавање/читање на работилнички цртежи за машински делови и следење на техничко пропратни инструкции и документација;
  • Штелување и оперирање со CNC машина според претходно изготвен NC програм. Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела или направи и позиционирање на координативниот почеток на парчето;
  • Следење на процесот при работа со машината;
  • Мерење на димензиите на готовите парчиња и нивна доработка;

МОНТЕРИ

 

Основни одговорности и задачи:

  • Познавање/читање на работилнички цртежи и шеми потребни за склопување и монтирање на машините и следење на техничко пропратни инструкции и документација;
  • Составување на делови и склопови од машини според конкретно дефинирани процедури;
  • Користење на специјална опрема и алат за работа;
  • Тестирање на машините и елиминирање на дефектите;

ОПШТИ РАБОТНИЦИ

 

Основни одговорности и задачи:

  • Сортирање на машински компоненти
  • Едноставно рачно составување на делови
  • Кревање, товарање, растоварање или миење на суровини и производи
  • Изработка на дрвени палети за пакување

Квалификации и компетенции:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна

Отворените работни позиции се за во Прилеп

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку копчето Брза Апликација.

Рокот за пријавување е до 08.11.2024г.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде