Модниот бренд ГРАНОФФ кој повеќе од 20 години е спезијализиран во продажба на високо квалитетна машка модна конфекција, го проширува својот бизнис на македонскиот пазар и распишуива оглас за следната позиција
2 Асистент во продажба
(1 позиција - полно работно време и 1 позиција - скратено работно време)
Опис на работното место:
- Спроведува активности на директна продажба;
- Се грижи за задоволството на купувачите и нивно позитивно искуство во малопродажниот објект;
- Води грижа за купопродажните стандарди, изложување на колекциите и уредност на малопродажниот објект;
- Учествува во активности на креирање на модни трендови за сезонските колекции;
- Дава предлози за ширење на асортиманот, врз основа на побарувањата на купувачите;
- Ги архивира сметките, уредно ги води деловодните книги и останатата документација;
Потребни услови:
- Минимум средно завршено образование – за предност ќе се смета искуство во секторот за трговија, текстил или дизајн;
- Задолжително познавање на англиски јазик (Б1);
- Основно познавање на работа со компјутер (MS Office).
Посебни вештини:
- Доверливост, одговорност и иницијативност;
- Комуникациски и организациски способности;
- Флексибилност и преговарачки способности;
- Способност за адаптирање на постојани промени;
- Нагласено чувство за детали и естетика.
Нудиме:
- Работа во тим на професионалци;
- Активно учество во креирање на модни сезонски колекции;
- Модерно и убаво работно опкружувањеe;
- Почетна плата 30.000,00 денари;
- Редовни и стимулативно примања, прогресивни бонуси;
- Можност за усовршување и регионално напредување.
Сите заинтересирани кандидати својата биографија може да ја испратат преку Брзата Апликација.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.