Vrabotuvanje.com - Агент во контакт центар - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Агент во контакт центар

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници.

Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.

Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен.

Агент во контакт центар

  • Имаш желба и способност за брзо учење и стекнување со нови знаења?
  • Имаш искуство во телефонска, е-маил или комуникација преку социјални медиуми со корисници?
  • Сакаш да решаваш кориснички проблеми и имаш искуство во техничка поддршка на корисници (препознавање и дијагностика)?
  • Имаш интерес за дигитални технологии?

Ако твојот одговор е ДА, пријави се на отворениот оглас за Агент за контакт центар на Македонски Телеком АД  кој е водечки национален телекомуникациски оператор и дел од Групацијата Дојче Телеком.

Потребни квалификации

  • 1 година соодветно работно искуство;
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Познавање на MS Office;
  • Претходно работно искуство во контакт центар за техничка  поддршка на корисници  ќе се смета за предност

Што очекуваме:

  • Ориентираност кон клиенти
  • Основни комуникациски и продажни вештини
  • Способности за справување со стресни и конфликтни ситуации

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата и бонус утврдена согласно интерните акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Приватно здравствено осигурување
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

  • Работа во смени

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк https://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање на Агент за контакт центар.

Огласот ќе биде објавен на ден 09.10.2024 година и ќе трае до 17.10.2024 година. 

Контакт информации тел. 071/201-225.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде