ПЕРУН ТЕХНОЛОГИИ ја огласува следната позиција:
ЈУНИОР ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР (Scrum / Agile)
Рок за аплицирање: 25.10.2024
Локација: Скопје, општина Аеродром
Тип на работен однос: Полно работно време, од 08:00 до 16:00 часот, со физичко присуство
Контакт: contact@prtech.mk
ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:
- Перун Технологии е во потрага по млад и мотивиран Проектен Менаџер кој ќе се приклучи на нашиот тим. Како проектен менаџер, ќе бидете одговорни за планирање, координирање и управување со проектите со цел успешно да се остварат зададените цели во рамките на поставените рокови и буџет.
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Развивање на детален проектен план со цели, временски рокови и буџет.
- Координирање на ресурси и внатрешни тимови за успешно реализирање на проектите.
- Комуникација со сите засегнати страни и обезбедување дека проектот ги исполнува барањата на клиентите.
- Надгледување на напредокот и правење на измени во плановите по потреба.
- Управување со ризици и решавање на проблеми кои би можеле да го загрозат успешното завршување на проектот.
- Подготовка на редовни извештаи за напредокот на проектот и презентација на истите пред раководството.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено високо образование (предност: техничка насока, менаџмент или слично).
- Минимум 1 години искуство како Scrum Master, Проектен менаџер, Тим лидер или во слична улога.
- Искуство во користење на алатки за управување со проекти (MS Project, Asana, Jira, или слични).
- Одлични комуникациски и организациски способности.
- Способност за работа под притисок и управување со повеќе проекти истовремено.
- Одлично познавање на англиски јазик (усно и писмено).
НУДИМЕ:
- Конкурентна плата и можност за бонуси врз основа на остварените резултати.
- Можност за професионален развој и напредување.
- Пријатна и динамична работна средина.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ:
- Доколку сте заинтересирани, испратете го вашето CV и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација најдоцна до 25.10.2024. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.