Vrabotuvanje.com - Специјалист за набавка - Скопје - АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за набавка

Скопје

Рок за пријавување:

  • АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ


Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.

Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.

Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.

Атомем ДОО Скопје во моментов има потреба од следната работна позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА

Одговорности:
  • Одговорен за навремено и точно изготвување, процесирање и проверка на порачките на трговска стока од странски добавувачи
  • Планирање и анализа на залихи на трговска стока
  • Одбегнување на „out of stock ситуации на недостапна залиха
  • Полнење на ERP систем со податоци за производите
  • Комуникација со продажен пресонал околу достапност и продажба на залихи/модели на производи
  • Комуникација и соработка со сектор финансии
  • Изготвување на калкулација по девизен заклучок и прaќање известување до продукт менаџерите и магацин за истата;
  • Координација со Раководител на магацин околу залихи/модели
  • Извршува сродни работи по налог на претпоставен раководител
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
  • ССС / ВСС; 
  • Минимум 2 години искуство на слична позиција ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на MS Office програмите, особено на програми за анализа на податоци како Excel
  • Познавање на практиките за увоз ќе се смета за предност
  • Познавање на ERP програма CFMA ќе се смета како предност
  • Задолжително познавање на Англиски јазик
 
Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.
 
Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација
со задолжителна назнака на апликацијата „Специјалист за набавка“.

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде