Vrabotuvanje.com - Уредник - Скопје - ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ

Fashionel.mk објавува оглас за вработување
УРЕДНИК

Доколку си комуникативен/а, поседуваш амбиции за постојано надоградување и ново знаење, креативното пишување е твојата силна страна, одлично владееш со социјалните мрежи, перфектно го познаваш македонскиот стандарден јазик, редовно ги следиш културните, општествените и модните случувања, сакаш да креираш приказни и содржини вредни за внимание, тогаш ТИ си личноста која му е потребна на нашиот тим.

Потребни квалификации:

  • Високо образование (предност имаат кандидатите што имаат завршено новинарски, комуниколошки, јазични студии и книжевност или се при крај со студиите)
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик
  • Способност за креативно изразување на македонски литературен јазик
  • Широк спектар на интереси во областа на културата, модата, уметноста
  • Одлично познавање на домашната и светската модна сцена
  • Искуство во уредување содржини на веб-сајт
  • Вештини за одржување на социјални мрежи
  • Брзина, навременост, точност и способност за добро планирање на работниот ден
  • Исполнителност, посветеност, иницијативност и одговорност
  • Подготвеност за динамична работна атмосфера
  • Истражувачки вештини
  • Одлични комуникациски вештини
  • Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција (предност)
  • Способност за точно, навремено и објективно новинарско информирање
  • Одлично познавање и применување на професионалните етичките стандарди во новинарската професија;

Работни обврски:

  • Пишување авторски содржини и обработка на теми прилагодени од странски извори како и секојдневна координација со останатите членови на тимот
  • Комплетно менаџирање на содржините на магазинот
  • Менаџирање и реализација на ПР кампањи што се во рамки на уредувачката политика на магазинот
  • Самостојна работа, што покрај креативно пишување и адаптација на превод, вклучува: проверка на факти, почитување на правописните правила, обработка на фотографии и веб-уредување
  • Одржување на профилите на социјалните мрежи и комуникација со публиката
  • Проследување на настани што се од интерес за уредувачката политика на магазинот
  • Организација и реализација на интервјуа, фотосесии и видео проекти
  • Редовна комуникација со останатите членови на тимот
  • Останати сродни активности во склоп на работното место

Сите заинтересирани кандидати може да ги испратат своите биографии преку полето за Брзата Апликација со назнака „За работна позиција - уредник“.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде