Fashionel.mk објавува оглас за вработување
УРЕДНИК
Доколку си комуникативен/а, поседуваш амбиции за постојано надоградување и ново знаење, креативното пишување е твојата силна страна, одлично владееш со социјалните мрежи, перфектно го познаваш македонскиот стандарден јазик, редовно ги следиш културните, општествените и модните случувања, сакаш да креираш приказни и содржини вредни за внимание, тогаш ТИ си личноста која му е потребна на нашиот тим.
Потребни квалификации:
- Високо образование (предност имаат кандидатите што имаат завршено новинарски, комуниколошки, јазични студии и книжевност или се при крај со студиите)
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик
- Способност за креативно изразување на македонски литературен јазик
- Широк спектар на интереси во областа на културата, модата, уметноста
- Одлично познавање на домашната и светската модна сцена
- Искуство во уредување содржини на веб-сајт
- Вештини за одржување на социјални мрежи
- Брзина, навременост, точност и способност за добро планирање на работниот ден
- Исполнителност, посветеност, иницијативност и одговорност
- Подготвеност за динамична работна атмосфера
- Истражувачки вештини
- Одлични комуникациски вештини
- Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција (предност)
- Способност за точно, навремено и објективно новинарско информирање
- Одлично познавање и применување на професионалните етичките стандарди во новинарската професија;
Работни обврски:
- Пишување авторски содржини и обработка на теми прилагодени од странски извори како и секојдневна координација со останатите членови на тимот
- Комплетно менаџирање на содржините на магазинот
- Менаџирање и реализација на ПР кампањи што се во рамки на уредувачката политика на магазинот
- Самостојна работа, што покрај креативно пишување и адаптација на превод, вклучува: проверка на факти, почитување на правописните правила, обработка на фотографии и веб-уредување
- Одржување на профилите на социјалните мрежи и комуникација со публиката
- Проследување на настани што се од интерес за уредувачката политика на магазинот
- Организација и реализација на интервјуа, фотосесии и видео проекти
- Редовна комуникација со останатите членови на тимот
- Останати сродни активности во склоп на работното место
Сите заинтересирани кандидати може да ги испратат своите биографии преку полето за Брзата Апликација со назнака „За работна позиција - уредник“.