Vrabotuvanje.com - Електротехничари во електро одржување - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Електротехничари во електро одржување

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на


Електротехничари во електро одржување
 

Електротехничарите ќе бидат задолжени за електро одржување на индустриски машини (трансформатори, мотори), трансформаторски станици и релејна заштита, PLC управувани машини, лабораториски инструменти и друго во Одделението за електро одржување. Според план придонесуваат кон перформансите на тимот за електро одржување. Работите ги извршуваат според законските прописи и компаниските стандарди за безбедност и здравје при работа. Извршувањето на задачите го прави во најголем дел самостојно, или како дел од тим. Работното време се одвива во три смени. Нето платата за работното место е од 35.000 до 45.000 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа, како и бонус за успешно работење. 

Потребни квалификации: 
  • Средно електро техничко училиште, IV степен, електротехничка насока
  • Работно искуство од 1-3 години во индустрија ќе се смета за предност
  • Познавање на PLC и компјутери ќе се смета за предност
  • Познавање на MS Office, AutoCAD, Windows OS
  • Познавање на релејна заштита, ел.енергетски постројки, енергетски трансформатори и електромотори
  • Познавање на англиски или германски јазик ќе се смета за предност 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.


Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk во делот Кариера/Придружете ни се или на меил hr@usje.mk

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде