We deliver high quality products that save lives and move the world forward by developing safer, greener and more connected solutions, enabling the future of mobility impacting millions of people. Aptiv.com
Како поддршка на нашиот тим лоциран во Скопје, Македонија, се бараат кандидати за позицијата:
Доставувач на материјали (м/ж)
Главни задачи и одговорности:
- Проверка на количина и квалитет на кутиите и заверка на документација за истата
- Поставување на материјалите на локација за чување почитувајќи го FIFO принципот
- Навремено дополнување на производните линии со материјали за производство
- Изведба на физичко и системско пренесување на производи во реално време
- Препакување на материјалите за производство од картонска кутија во пластична кутија
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство во производна дејност
- Способност за самостојна работа и тимска соработка
- Прецизност, работливост и флексибилност
Ви нудиме:
- Можност за работа во глобална организација
- Личен раст и кариерен развој
- Исплата на регрес и минат труд
- Слободен ден за роденден
- Спортски активности
- Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи
- Организиран транспорт и храна за вработените
- Социјални активности и програми
- Работно време: во три смени
Доколку сте заинтересирани за позицијата, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (CV) и диплома од завршено образование, со испраќање на следнава електронска адреса Rabota@aptiv.com. Во предметот на пораката наведете ја позицијата за која аплицирате.
Рок за аплицирање: 31.10.2024
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Аптив Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на Аптив.
*Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:Rabota@aptiv.com
Да дознаете повеќе за Aптив, посетете ја страната www.aptiv.com/careers