Раководител на продажени објекти во Retail сектор
2 (две позиции) - Скопје
Профил на кандиатот:
- Образование - ВСС, завршено образование во областа на бизнис менаџмент или економија ќе се смета за предност
- Претходно работно искуство од 3(три) години на иста или слична позиција
- Одлично познавање на англиски јазик
- Поседување претприемачки дух
- Истакнување на лидерски способности
- Висок степен на одговорност и аналитичност
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Самоиницијативност и посветеност
- Енергичност и истрајност
- Висок личен интегритет и деловна култура
Цели и одговорности:
- Идентификување на нови видови идеи за деловна експанзија во retail секторот во Македонија и регионот
- Идентификување и пронаоѓање на нови начини на промовирање, одржување и зацврстување на брендот во однос на конкуренцијата
- Константно следење и анализирање на трендовите во retail секторот, и конкуренцијата во регионот
- Истражување и идентификација на нови бизнис можности и потенцијали
- Грижа за успешното и профитабилно работење на продажните места
- Секојдневна контрола на храната и производите, дали се во склад со пропишаните правила и ISO стандарди
- Спроведува одговорна, професионална и проактивна комуникација со купувачите и коминтентите
- Организирање и координирање на вработените во малопродажните објекти
- Контрола на финасиското работење и внес во системот за материјално сметководство
- Запазување на сите законски процедури за работа во малопродажба
- Врши анализа на резултатите од работењето на продажните места и изработка на месечни извештаи со предлог решенија зa оптимизација и подобрување на работењето
На кандидатот му нудиме:
- Работа во позитивна и пријатна атмосфера
- Организирана исхрана и платен превоз
- Конкуренски месечни примања
- Работа од 40 часа неделно
- Колективно осигурување од незгода 24/7
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил vrabotuvanje@llgourmet.mk со назнака “ Раководител на продажен објект во Retail сектор”
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.