Ние во Алма-М веќе 33 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци, наградувајќи ги за нивните резултати.
Алма - М објавува ОГЛАС за следната работна позиција
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
Работни задачи:
- Продажба и маркетинг со почитување и спроведување на стандарди и процедури за работа на Алма-М,
- Грижа за производи и купувачи за даден регион по стандарди на Алма-М,
- Следење и известување за активности на пазар,
- Грижа за наплата на побарувања,
- Градење тимски дух и решавање проблеми во интерес на работењето.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Поседување возачка дозвола Б – категорија,
- Флексибилност за работа на терен,
- Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
- Професионално однесување,
- Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност,
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
- Способност за тимска и индивидуална работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Познавање и работа со компјутери (MS Office пакет),
- Познавање на назначениот регион,
- Пожелно е познавање на англиски јазик.
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство на позицијата ќе се смета за предност.
Ве молиме без телефонски јавувања