Vrabotuvanje.com - Раководител на финансии - Скопје - Skopje East Gate-SEG
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител на финансии

Скопје

Рок за пријавување:

  • Skopje East Gate-SEG

Скопје Ист Гејт СЕГ, дел од групацијата Балфин, е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

За потребите на одделот за финансии распишуваме оглас за

РАКОВОДИТЕЛ НА ФИНАНСИИ


Главни Одговорности и задачи:
  • Управува со процесот на Финансиско планирање и буџетирање на компанијата според соодветните групациски процедури
  • Воспоставува систем на следење на буџетот и контрола на реализацијата на буџетот
  • Дава стратешки препораки и совети до извршниот директор и акционерите за прашања поврзани со финансиската состојба на компанијата
  • Ги трансформира бизнис целите на компанијата во финансиски планови
  • Програмирање за управување со ризик преку анализа на обврските и инвестициите на организацијата
  • Предлага инвестициски стратегии со разгледување на ризиците за готовински тек и ликвидност
  • Обезбедува точност и комплетност на финансиските извештаи на компанијата согласно локалните и меѓународните стандарди (GAP)
  • Обезбедува точност и комплетност на периодично финансиско известување (месечно/квартално) на Групацијата
  • Обезбедува точност на тековните извештаи за работењето  и прогнозирање (реализација на буџетот и отстапувања од буџетот, развој на буџет со предвидувања до крајот на календарската година),
  • Воспоставува и обезбедува достапност на аналитички информации за работењето на компанијата до менаџментот и до Собирот на содружници
  • Сеопфатно и точно спроведување на сите аспекти на даночно управување и даночно исвестување
  • Советува при избор и ангажирање на надворешни консултанти (ревизори, советници за даноци и сл.)
  • Управува со односите и комуникацијата со надворешни ревизори, вреднувачи и експерти од трети страни
  • Управува со односите поврзани со банките и другите финансиски институци, ги мониторира и контролира процесите поврзани со плаќања и со готовина
  • Ја следи наплатата на доспеаните, а ненаплатени побарувања и предлага мерки за наплата на проблематичните побарувања
Потребни квалификации:
  • Високо образование- Економски факултет
  • Искуство од минимум 15 години во областа на сметководство во среден или голем даночен обврзник 
  • Повеќе од 10-годишно искуство на одговорни раководни места во делот на финансиското и книговодствено работење или работно искуство во фирми во странство
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Oдлично познавање на MS Office пакет програми и сметководствени апликации (Collab , PANTHEON)

Личен профил:

  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Аналитична и одговорна личност, ориентирана кон пронаоѓање решенија
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати
  • Способност за формирање и водење на тим
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера, со различни групи на луѓе
  • Позитивен став
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична и предизвикувачка интернационална средина, со можности за контунуиран развој, ве покануваме да ја испратите Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација, најдоцна до 29.10.2024.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде